Манчестер Сити го доведе еден од најдобрите дриблери во Премиер лигата!

Манчестер Сити официјално го претстави Илиман Ндијае, кој пристигнува од Евертон за трансфер вреден 70 милиони евра, плус дополнителни шест милиони низ бонуси.

Сенегалецот важи за еден од најдобрите дриблери во Премиер лигата. Минатата сезона имаше 73 успешни дриблинзи, што беше втор најдобар учинок во англиската елита, веднаш зад Жереми Доку.

Со доаѓањето на Ндијае, Сити сега има тројца од четворицата најуспешни дриблери во Премиер лигата од минатата сезона. Тоа се Доку (84), Ндијае (73) и Антоан Семенјо (59), додека Рајан Черки со 51 успешен дриблинг е осми.

За Евертон ова е огромна заработка, бидејќи Ндијаје беше донесен од Марсеј во 2024 година за само 18 милиони евра.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.