Манчестер Сити достави мега-понуда за трансфер на талентот на Форест!

Управата на Манчестер Сити испратила официјална понуда до Нотингем Форест за трансфер на Елиот Андерсон, вредна дури 120 милиони фунти!

Првичната понуда изнесува 106 милиони фунти, плус дополнителни 15 милиони кои би се „активирале“ низ одредени бонуси и клаузули. 

Сега на потег се „шумарите“, кои треба да одлучат дали ќе го продадат големиот талент во ривал од Премиер лигата, но јасно е дека интересот на „граѓаните“ нема да запре тука. 

Сити има и друга опција за средината ако не успее трансферот на Андерсон, а тоа е Сандро Тонали од Њукасл, кој би можел да се пресели на „Етихад“.