• Саше Љолес

Младиот парагвајски фудбалер, Диего Леон, потпиша договор со англискиот великан, Манчестер Јунајтед.
Осумнаесетгодишниот Леон пристигна од екипата на Серо Портењо. Тој е младински репрезентативец на Парагвај и настапува на позицијата лев бек.
Јунајтед за неговите услуги издвои седум милиони фунти. Минатата сезона Леон одигра 33 натпревари за својот клуб и постигна четири голови.