Манчестер Јунајтед се соочува со висока санкција, ФА го казнува со одземање бодови!?

Ман Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед предизвикаа хаос во пресрет на дербито со Ливерпул изминатиот викенд.

Тие успеаја да влезат на тревникот на „Олд Трафорд“ и да ја натераат Премиер лигата да го одложи натпреварот. Причина за нивните протести се газдите Глејзер, од кои бараат да го продадат клубот.

Тимот на Оле Гунар Солскјер би можел да се соочи со одземање на бодови, пишуваат англиските медиуми. Лигата ќе направи истрага за причините околу случувањата и ќе бара одговорност од надлежните органи.

Правилото вели дека секој клуб ќе остане без одреден број бодови, ако не успее да обезбеди безбедност за судиите, играчите и стручните штабови, на и надвор од стадионот. Покрај паричната казна и одземањето на бодови, ФА би можела да донесе одлука за затворање на теренот и суспензија од натпреварувања за клубот.

Доколку се потврди оваа информација, тоа ќе значи дека Манчестер Сити и официјално ќе стане нов англиски шампион.