• Горан Упале

Антони, десното крило на Манчестер Јунајтед, заминува во Бетис до крајот на сезоната. Позајмицата е на шест месеци без можност за откуп, тоа значи дека Бразилецот ќе се врати во Јунајтед во јуни.
Сè е договорено меѓу сите страни и останува само играчот да оди на лекарски преглед во својот привремен клуб. Со тоа Манчестер Јунајтед барем до крајот на сезоната ќе се ослободи од најскапата грешка во историјата.
Антони во Манчестер Јунајтед пристигна во јуни 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра обештетување и доби плата од еден милион евра месечно. За две и пол години во Јунајтед, Антони постигна 12 гола на 96 натпревари. Неговиот настап е мизерен со оглед на тоа колку го чинеше и чини Јунајтед. На пример, оваа сезона играше само 14 пати, од кои само трипати во стартниот состав. Постигна само еден гол против третолигашот Барнсли во првото коло од третолигашкиот Лига Куп.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.