Манчестер Јунајтед принуден да го откупи Одион Игало од Шангај

Иако го доведе во последните денови од зимскиот преоден рок, англискиот гигант Манчестер Јунајтед одлучи да го откупи договорот на нигерискиот репрезентативец, Одион Игало. 30-годишниот Нигериец пристигна во Манчестер Јунајтед од кинескиот Шангај на позајмица до крајот на мај за кога беше предвиден и крајот на сезоната во Премиер лигата.

Сепак, новонастанатата ситуација ги одложи работите и раководството на клубот од „Олд Трафорд“ донесе одлука целосно да го откупат неговиот договор за сума од 15 милиони фунти, сума која ја бараше Шангај. Игало ќе потпише перменантен договор на две или три сезони и ќе може да го исполни сонот и подолго да игра за клубот за кој навиваше во детството.

Сезонава во Премиер лигата, Нигериецот не постигна гол на четири натпревари, но по двапати погоди во ФА Купот и Лига Европа.

Пред да дојде во Англија, Игало настапуваше во Кина, Шпанија, Италија и Норвешка.