Манчестер Јунајтед плати 58 милиони евра за Бразилец од Челзи!

Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на бразилскиот репрезентативец Андреј Сантос, кој пристигнува од Челси, соопшти англискиот клуб.

Според „Скај Спорт“, Јунајтед за услугите на 22-годишниот играч за врска издвоил 58 милиони евра, со што Сантос стана едно од најголемите летни засилувања на клубот.

Бразилецот потпиша договор до јуни 2031 година, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

„Сè што е поврзано со Манчестер јунајтед е посебно. Неверојатно е чувството да станеш дел од клуб за кој настапувале некои од моите најголеми идоли. Како играч за врска, со нетрпение очекувам да учам од Мајкл Керик.

Тој е идеален тренер за да ми помогне да го направам следниот чекор во кариерата и да ги остварам моите цели. Сите ми зборуваа за амбициите на клубот и за одличната атмосфера што владее во тимот“, изјави Сантос по потпишувањето на договорот.

Во минатата сезона Сантос одигра 43 натпревари во дресот на Челси, при што постигна три гола и запиша четири асистенции.