• Саше Љолес
Фудбалерот на Аталанта, Едерсон, се договори со Манчестер Јунајтед и наскоро се очекува само официјализација на трансферот во Англија.
Бразилецот би требало да потпише четиригодишен договор со „ѓаволите“, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Англискиот клуб прифати да ѝ исплати на Аталанта сума од 35 милиони фунти, со вклучени дополнителни клаузули и бонуси.
Британските медиуми наведуваат дека Едерсон наскоро пристигнува на лекарски прегледи во Манчестер, по што ќе биде претставен како прво летно засилување за славниот премиерлигаш.
Едерсон беше во Аталанта од 2022 година, а претходно играше за Салернитана, Форталеза, Коринтијанс, Крузеиро и Депортиво Бразил.
За националниот тим на својата држава досега запиша три настапи, но не се најде на списокот на селекторот Карло Анчелоти за претстојното Светско првенство.
