• Мартин Танасковски
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед е на чекор до ангажманот на белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс, пренесува трансфер-експертот Фабрицио Романо. Информацијата ја потврдуваат и повеќе британски медиуми, кои наведуваат дека „црвените ѓаволи“ веќе постигнале усмен договор со претставниците на фудбалерот.
Следниот чекор за клубот од „Олд Трафорд“ е активирање на откупната клаузула во договорот на Тилеманс со Астон Вила, која изнесува 41 милион евра. Иако 29-годишниот играч за врска имаше договор со клубот од Бирмингем до летото 2028 година, тој веќе дал согласност да ја продолжи кариерата во редовите на Манчестер Јунајтед.
Тилеманс зад себе има одлична сезона под водство на Унаи Емери, во која на 35 натпревари постигна два гола и запиша седум асистенции. Добри партии прикажа и на Светското првенство, каде што за белгиската репрезентација постигна два гола на пет одиграни натпревари. Белгиецот ќе биде второто засилување на Манчестер Јунајтед во средниот ред ова лето, по постигнатиот договор со Челси за трансферот на Андреј Сантос.
Засилувањето на играчкиот кадар во средината на теренот беше еден од главните приоритети на клубот по заминувањето на искусниот Касемиро, а според британските медиуми, не е исклучена можноста до крајот на летниот преоден рок на „Олд Трафорд“ да пристигне уште еден играч за врска.


