Манчестер Јунајтед ќе купува фудбалери што ги пронајде и бараше Мурињо!?

Екипата на Манчестер Јунајтед до крајот на овој преоден рок ќе носи нови играчи, а англиски „Сан“ пишува дека истите ќе бидат оние кои биле на списокот на поранешниот тренер на премиерлигашот, Жозе Мурињо.

Досега тимот од „Олд Трафорд донесе двајца нови фудбалери – Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс. Управата најави дека нема тука да застане, ќе се конструира тим за повисоки цели во Премиер лигата.

На списокот на желби се Хари Мегвајр од Лестер Сити, а исто така тука се и Иса Диоп од Вест Хем како и Деклан Рајс, двајцата пронајдени од Жозе Мурињо. 

Манчестер Јунајтед ланската сезона ја заврши на шестото место во Премиер лигата и тимот го чекаат настапи во Лигата на Европа.