• Горан Упале

Многу се зборуваше за неговата иднина на клупата на Манчестер Јунајтед, но се чини дека Холанѓанецот останува. Ерик Tен Хег и во следната сезона ќе седи на клупата на Манчестер Јунајтед, пренесуваат бројни британски медиуми.
Раководството на клубот одлучи Холанѓанецот да остане, а наскоро ќе се разговара и за нов договор. Јунајтед оваа сезона заврши на осмото место, а горчливиот вкус го покри со освојувањето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Сити. Поради трофејот во најстарото фудбалско натпреварување Јунајтед следната сезона ќе игра во Лига Европа
Томас Тухел, Роберто де Зерби, Маурицио Поектино, како и Томас Франк и Киеран Мекена беа само дел од потенцијалните имиња на списокот за замени за Холанѓанецот кој во клубот дојде во 2022 година од Ајакс.