Манчестер Јунајтед го „откачи“ на лекарски прегледи, па експресно ја реши својата иднина

Трансферот на бразилскиот репрезентативец Едерсон да Силва во Манчестер Јунајтед пропадна во последен момент, но играчот за врска експресно стави крај на сите шпекулации околу својата иднина.

Иако беше пред преселба на „Олд Трафорд“, англискиот гигант се откажа од трансферот по лекарските прегледи, откако не бил целосно задоволен од неговата физичка состојба.

Разочаран од ваквиот развој на настаните, 27-годишниот Бразилец сепак реши да остане во Бергамо, а денес официјално потпиша нов договор со Аталанта кој ќе важи до јуни 2031 година.

Ова е одлична вест и за новиот тренер Маурицио Сари, кој во новата сезона ќе може да смета на еден од најважните фудбалери во средниот ред.

Едерсон пристигна во Аталанта од Салернитана во 2022 година и брзо се етаблира како еден од клучните играчи на тимот. Беше еден од носителите на историската генерација која во 2024 година ја освои Лига Европа. Во дресот на клубот од Бергамо досега одигра 180 натпревари, постигна 16 голови и забележа шест асистенции.