• Горан Упале
Манчестер Јунајтед ги потврди двете засилувања од Баерн Минхен, Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи.
Холандскиот репрезентативец треба да ја пополни празнината која што ја остави Рафаел Варан, кој се пресели во Комо, додека Мазрауи ќе биде замената на Арон Ван Бисака, откако англискиот бек направи трансфер во Вест Хем.
„Само што слушнав дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за мене, бев возбуден поради можноста да играм за таков голем клуб со богата историја. Во разговорите бев импресиониран од визијата, и улогата што ја гледаат во мене. Со Тен Хаг се знаеме по порано, и сигурен сум дека знае да го извлече најдоброто од мене. Чест ми е што ќе работам повторно со него“, рече Де Лихт.
Покрај Де Лихт, и Мазрауи има искуство работејќи со Тен Хаг, во времето кога Мароканецот беше член на Ајакс. Двајцата денес тренираа со тимот и нема да биде изненадување доколку се најдат на списокот на играчи за првиов овосезонски натпревар во Премиер лигата против Фулам.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.