Манчестер Јунајтед е третиот премиерлигаш кој ги враќа стоечките места

Еден од најкултните светски фудбалски стадиони „Олд Трафорд“ од следната сезона ќе ги врати стоечките места, откако клубот доби „зелено светло“ повторно да има таков секторот. 

Бариерните седишта ќе бидат поставени во североисточниот дел на „Олд Трафорд“, а доколку овој рецепт биде успешен во иднина се очекуваат вакви сектори да има и на спротивниот дел од стадионот.

Челните лица на Јунајтед долго време се бореа со упорните навивачи кои натпреварите ги следеа стоејќи. 

„Веруваме дека бариерните седишта ќе ја зголемат безбедноста на навивачите кои упорно натпреварите ги следеа стоејќи“, рече генералниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд.

Местата за стоење на англиските стадиони се забранети од 1994 година, како последица на извештајот од трагедијата на „Хејсел“, во која загинаа 96 навивачи на Ливерпул. Моменталниот капацитет на „Олд Трафорд“ е 76.000 седишта, а засега не се знае дели со овој сектор бројката ќе биде зголемена.

Јунајтед ќе биде третиот премиерлигаш кој ги враќа стоечките места, претходно дозвола за тоа добија Вулверхемптон и Тотенхем.