Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Погба, но само ако ја добие посакуваната цена

Погба

Нов договор не е потпишан, што значи дека веќе се размислува за заминување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед. 

Веќе подолг период се шпекулира дека францускиот ас има желба својата кариера да ја продолжи во друг клуб, за заинтересирани страни се споменуваа ПСЖ и Реал Мадрид, а според „Дејли Експрес“, Јунајтед би се согласил за трансфер, но под само еден услов.

Според англискиот медиум, „ѓаволите“ се подготвени да се ослободат од услугите на Погба само во случај доколку на адреса на „Олд Трафорд“ пристигне понуда не помала од 75 милиони евра. Јунајтед досега вложи многу во Французинот, не само за неговото купување од Јуве за сума од 105 милиони евра, туку со оглед на тоа што е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата. 

Актуелниот договор на Погба со Јунајтед завршува во јуни 2022 година, што би значело дека „ѓаволите“ уште ова лето ќе бидат подготвени да ги разгледуваат сите понуди за продажба на еден од своите најдобри фудбалери. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.