• Зоран Мишевски
Премиерлигашкиот гигант Манчестер Јунајтед во текот на летото ќе одигра подготвителни мечеви во Финска, Норвешка, Шведска и Ирска.
„Црвените ѓаволи“ на 18 јули во Хелсинки ќе играат со Рексам. Потоа ќе се соочат со Розенборг во норвешкиот град Трондхајм, а на 1 август со Атлетико Мадрид во Стокхолм. Во Шведска ќе имаат уште еден меч и тоа против Пари Сен Жермен во Гетеборг.
Англискиот гигант завршниот контролен натпревар ќе го игра на 12 август и тоа во Даблин против екипата на Лидс.





