• Саше Љолес
Манчестер Јунајтед добива две нови засилувања за новата сезона. Скоро сите европски медиуми ја пренесоа веста дека „ѓаволите“ постигнале договор со Баерн Минхен за трансфер на Матијс Де Лихт и Нусаир Мазрауи.
Двајцата треба да пристигнат во „пакет“ во Манчестер, а сумата што премиерлигашот ќе ја исплати изнесува 70 милиони евра. Поскап е секако трансферот на Де Лихт, за кого Јунајтед ќе „искешира“ 45 милиони, плус уште пет милиони низ разни бонуси, додека Мазрауи пристигнува за 15 милиони евра, со идентична бонус клаузула.
Новите засилувања треба наскоро да пристигнат во Англија и да ги минат задолжителните лекарски прегледи, по што ќе следува нивна официјална промоција во трикратниот европски шампион. Навивачите се задоволни од потегот на управата и очекуваат двајцата фудбалери да бидат сериозни засилувања за дефанзивата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.