Ман: Сакавме победа над Македонија, но ремито е фер резултат

Романија

Романија заминува дома задоволна од ремито без голови на гостувањето во Македонија. Нашиот национален тим одигра трет нерешен резултат во низа, но остана во игра за второто место во групата во квалификациите за Мундијалот.

Денис Ман ги одигра сите деведесет минути на дуелот во Скопје. Според него поделбата на бодовите е фер за двете репрезентации.

„Навистина ја сакавме победата, за жал не успеавме да ја оствариме. Се надигрувавме со добар тим, ги сакавме трите бода, но во целина сме задоволни. Нормално е дека за време на натпреварот има дискусии, нерви... Важно беше дека, полека, полека, успевавме да влеземе во посакуван ритам. Ја започнавме средбата малку потешко, попатно се опуштивме.

Јас се обидувам да му помогнам на мојот тим на која било позиција. Уверени сме, веруваме во нашата шанса, секој натпревар ќе го играме со мислите за победа. На крајот ќе повлечеме линија и ќе видиме каде сме. Во фудбалот, сè е можно. Важно беше да не се загуби тука вечерва. Да бидеме искрени, мислам дека ремито на крај е фер резултат“, изјави романскиот репрезентативец.

Македонија остана на четвртата позиција, но заостанува само два бода зад второпласираната Ерменија, која киксна на домашен терен против Лихтенштајн.