Малтежани ќе му судат на Вардар во Скопје, Полјаци на центарот во Рига

Екипата на Вардар продолжува во Конференциската лига на УЕФА, а откако се финализираа термините за европските натпревари, познати се и официјалните лица за двомечот со летонска Рига.

Првиот натпревар Вардар против Рига ќе го игра во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“. Мечот е закажан на 22 јули од 20:00 часот. Судиите доаѓаат од Малта. Главен судија е Филип Фаруџија, му помагаат Марк Сиантар и Курт Салиба, четврти судија е Даниел Портели.

Вториот натпревар се игра во Рига, Летонија, а е закажан на 28 јули од 19:00 часот. Таму главни судии се Полјаци. Војчех Муц е главен судија, Бартош Хејниг и Миколај Кострева се аситенти, четврти судија е Патрик Грицкјевич.