Малта ја шокира Финска и победи на официјален меч по четири години!

Фудбалската репрезентација на Малта приреди големо изненадување и како гостин ја совлада Финска со 1-0 во квалификациите за Светското првенство 2026. Херој на натпреварот беше Џејк Греч кој погоди во 81. минута и ѝ донесе прва победа на својата селекција по долга пауза.

Финците влегоа во дуелот со јасна цел да останат барем математички во трката за второто место во групата и имаа убедлива теренска доминација, но Малта го издржа притисокот и од една од ретките шанси стигна до голем триумф.

Ова е прво славје на Малта во квалификации за големи натпреварувања уште од први септември 2021 година кога дома го победија Кипар со 3:0 во квалификациите за претходното Светско првенство.

Со овој успех Малта ја прескокна Литванија и се искачи на четвртото место во групата Г со пет бодови, додека Финска останува трета со десет. Малтежаните со причина можат да го слават еден од највредните триумфи во поновата историја.