• Мартин Танасковски

Фудбалската репрезентација на Малта ќе биде еден од противниците на Македонија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, а репрезентацијата доби нов селектор.
Италијанецот Микеле Марколини е назначен за нов предводник на островскиот тим. 47-годишникот е поранешен фудбалер на Аталанта и Киево за кои има одиграно преку сто натпревари, додека во тренерската кариера работеше во Албинолефе, Новара, Киево, Авелино...
Марколини во стручниот штаб ќе го има Давиде Мандели. Покрај Малтежаните, во квалификациската група се уште Италија, Англија и Украина.