ВИДЕО: Малото финале за Шведска, Англичанките без мундијалско одличје

Фудбалерките на шведската репрезентација ги залечија раните по несреќниот пораз од Холандија во полуфиналето и го освоија третото место на Светското првенство во Франција.

Во малото финале „трите круни“ славеа против Англија со 2-1 (2-1) во натпревар со многу грешки, но и убави голови. Аслани во 11. минута ги доведе Швеѓанките во водство, а Софија Јакобсен во 22. минути ја зголеми предноста.

Извештај од натпреварот: 

Избраничките на Фил Невил, кои делуваа инфериорно, успеаја да го намалат водството на противникот со голот на Франческа Кирби во 31. минута. Во вториот дел се грешеше пречесто, се редеа корнери пред шведскиот гол, но резултатот не се менуваше.

Големото финале меѓу Холандија и Соединетите Американски држави се игра утре во 17:00 часот.