• Горан Упале
Екипата на Малме, каде што настапува македонскиот репрезентативец Ердал Ракип ги запиша клучните три бода во сезоната, откако со победата над Калмар на гости од 0-1, на коло пред крајот практично ја одбрани титулата во шведскиот шампионат. Официјално тоа може да се случи уште в понеделник, доколку Елфсборг и АИК ремизираат во меѓусебниот натпревар.
Големата победа на Малме ја озбезбеди Бергет со гол во 83. минута, а нашиот репрезентативец мечот го започна од клупата и шанса доби во последните 20 минути.
JIB:s mål! pic.twitter.com/TD55sJt5te
— Malmö FF (@Malmo_FF) November 28, 2021
Малме е лидер на табелата со 58 бода, четири повеќе од Јургорден, кој загуби од Варбергс на домашен терен (2-3) и остана без шанса да ја освои титулата. АИК е трет со 53, а Елфсборг е четврти со 52, па надежта сè уште живее за двата тима.
Во случај шампионот да не се реши во понеделник, избраниците на Јон Дал Томасон ќе имаат можност тоа да го сторат на затворањето на шампионатот пред своите навивачи против Халмштад.



