Малку му се Ван Перси, Солдадо, Џилијано - Фенер договори засилување од Премиер лигата

Турскиот гигант, Фенербахче новата фудбалска сезона ја започна неславно – во домашното првенство не знае за победа, додека се наоѓа и пред елиминација од плеј-офот за Лигата на Европа, каде има негатива од 2-0 од првиот меч со нашиот Вардар. 

Тренерот на тимот од Истанбул, Ајкут Кочаман, незадоволен од своите напаѓачи од раководството побарал нова скапа „играчка“, која најверојатно уште од денес ќе стане нов фудбалер на тимот. Се работи за 27-годишниот напаѓач, Омар Ниасе, кој е член на премиерлигашот Евертон. Сенегалскиот голгетер во Ливерпул пристигна пред само едно лето, но не се прослави во дресот на „карамелите“, па Куман без проблем ја прифатил понудата на Фенербахче, која се шпекулира дека изнесува 15 милиони евра. 

Турските медиуми пишуваат дека овој трансфер својата официјализиција ќе ја има уште денес, кога Ниасе ќе ги мине редовните лекарски прегледи и ќе стави потпис на договор со турскиот гигант. Според истите, новото засилување на Фенер најверојатно нема да биде во комбинација за натпреварот против Вардар, кој е закажан за в четврток.