• Зоран Мишевски
Со два денешни натпревари продолжи првото коло од белорускиот фудбалски шампионат. Во единствениот национален шампионат во Европа кој е во тек ефикасноста не е на завидно ниво и денес паднаа само два гола и двата донесоа победи на домашните екипи.
Со автоголот на Игњатенко, Витебск на домашен терен го совлада Городеја со 1-0 (1-0). Домашната екипа стигна до победата и покрај исклучувањето на Калинчук заради два жолти картони во последната минута од првото полувреме.
Ислок Минск на домашен терен во главниот град го совлада Неман со 1-0, а единствениот гол го постигна Африканецот Момо Јансане во 88. минута, по убавото додавање на Хануш. Гостите од 43. минута играа со човек помалку заради исклучувањето на Марушиќ во 43. минута, заради два жолти картони.
- Витебск - Городеја 1-0:
- Ислок Минск - Немен 1-0:
Првото коло се затвора утре со уште два натпревари во попладневните часови.