ВИДЕО: Малку фалеше Ристовски да даде ЕВРОГОЛ во победата на Спортинг над Мореиренсе

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, одигра фантастични 90 минути за својот Спортинг Лисабон во вечерашниот меч против Мореиренсе, во рамки од 18. коло на португалскиот шампионат.

„Зелено-белите лавови“ донесоа нова радост за своите фанови, откако на крај славеа минимална победа од 2-1, а еден од најубавите моменти на мечот му припадна на нашиот Ристовски. Малку фалеше десниот бек да постигне вистински еврогол, кој ќе конкурираше за погодок на колото, откако по еден отпадок зафати перфектен волеј, но гостинскиот голман се надмина себе си и успеа да интервенира. 

Головите за Спортинг ги постигнаа Нани и Бруно Фернандез, додека почесниот погодок на гостите беше дело на Таварез. Со оваа победа Спортинг се искачи на четвртата позиција на табелата со 38 бода, осум помалку од лидерот Порто.