ФОТО: Малиот Јане им посака среќа на играчите пред патот за Букурешт

Репрезентацијата на Македонија утрово се упати кон Букурешт со чартер лет, каде што ги очекува натпревар против Романија утревечер, во рамките на првото коло од квалификациите за Светското првенство. 

Пред патувањето, добро познатиот пријател на репрезентацијата, малиот Јане Велковски беше со фудбалерите и стручниот штаб и им посака среќа пред натпреварот. Јане заедно со својот брат се фотографираше со фудбалерите и селекторот Ангеловски во текот на вчерашниот ден во хотелот. Покрај тоа, Јане си доби дрес од неговиот најдобар другар во селекцијата, Бобан Николов, кој оваа зима направи трансфер во италијанскиот второлигаш Лече.

Македонија утре игра против Романија, а веќе в недела на арената „Тодор Проески“ гостува аутсајдерот Лихтенштајн, додека последниот дуел е најтешкото гостување во групата кај гигантот Германија во Дуизбург.