ВИДЕО: Малиот Фамаликао го совлада Спортинг и остана лидер на Примеира

Неочекуван лидер во португалската Примеира е малиот клуб Фамаликао, во кој што играат голем број фудбалери кои се сопственост на познатиот светски менаџер Хорхе Мендез. Вечерва во Лисабон, во последниот натпревар од шестото коло, Фамаликао го совлада Спортинг Лисабон со 1-2.

Со автоголот на Уругваецот Себастијан Коатес во 88. минута, Фамаликао стигна до победа во финишот и еуфорична радост.

  • Извештај од натпреварот: 

Иако со помалку или со повеќе проблеми, победи во ова коло запишаа Бенфика и Порто. Фамаликао е лидер со еден бод повеќе од гигантите од Лисабон и Порто.