• Зоран Мишевски
Младиот македонски дефанзивец Малик Хамзиќ официјално е нов фудбалер на косовскиот клуб Динамо Феризај. Клубот го потврди неговиот трансфер преку официјално соопштение во текот на вчерашниот ден. Хамзиќ во својата кариера во Македонија настапуваше за екипите на Работнички, Гостивар, Силекс и Македонија Ѓорче Петров.
Хамзиќ е раскошен талент и поранешен репрезентативец на младинската селекција на Македонија до 21 година.
Со ангажманот на Хамзиќ, тимот на Динамо Феризај значително ја засилува својата дефанзивна линија со квалитетен и перспективен играч за претстојните предизвици во косовскиот фудбал.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
