• Саше Љолес
Репрезентацијата на Мали се пласираше во четвртфиналето од Африканскиот Куп на нации, откако во првата рунда од нокаут-фазата славеше со 2-1 (1-0) над Буркина Фасо.
- Извештај од натпреварот:
Единствениот погодок во првото полувреме дојде по комичниот автогол на Табсоба уште во третата минута и Малижаните водеа на паузата со минимални 1-0. Вториот дел донесе повеќе возбудувања за публиката, Синајоко најпрво зголеми на 2-0 во 47. минута, но Буркина Фасо се врати во игра со погодокот на Бертранд Траоре, кој прецизно реализираше пенал десет минути подоцна.
Следуваше период на малку помирна игра, но Буркина Фасо се обидуваше да дојде до целосен „кам-бек“ и евентуални продолженија. Сепак, Мали беше на висина на задачата и успеа да ја сочува предноста, триумфирајќи со конечни 2-1 и пласман меѓу осумте најдобри.
Селекцијата на Мали во четвртфиналето ќе има исклучително тешка задача, затоа што ќе се соочи со земјата-домаќин и еден од главните фаворити за трофејот, Брегот На Слоновата Коска.









