• Зоран Мишевски
Големи промени го погодија култниот босански клуб Сараево. Тимот предводен од хрватскиот експерт Марио Цвитановиќ, каде што технички директор е Крсте Велкоски, а настапувааат Стефан Ристовски и Агон Елези е во тешка финансиска ситуација, откако малезискиот инвеститор Винсент Тан сега официјално го напушти клубот.
Процесот на консолидација на управувачката структура е успешно завршен, со што формално е заклучена улогата на Винсент Тан. Во согласност со постигнатиот договор, Исмир Мирвиќ ќе ги преземе сите управувачки права врз Сараево.
„Беше чест да бидам дел од патувањето на Сараево. Благодарен сум за можноста да придонесам за клубот и неговата заедница и му посакувам на ФК Сараево понатамошен напредок и успех во годините што доаѓаат“, рече малезискиот инвеститор.
По есенскиот дел од Премиер лигата на БиХ, Сараево е третопласиран со 29 бода, единаесет помалку од лидерите Зрињски и Борац Бања Лука.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



