Малески: Подготвени сме, сакаме три бода од дербито со Вардар!

Фудбалерот на Струга Трим Лум, Христијан Малески, зборуваше пред дерби натпреварот со Вардар во Првата македонска лига, најавувајќи голема борба за бодовите и продолжување на одличните резултати. 

Стружани и вардарци се водечки екипи во елитното друштво, па токму затоа Малески очекува жестока битка, но посакува среќен епилог за неговиот тим. 

„Одлично трениравме оваа недела. Мислам дека тимот е 100% подготвен за максимален ефект на теренот во овој дерби натпревар. Ако ги исполниме сите барања на тренерот, тогаш можеме да се надеваме на победа и нови три бода. 

Имаме одлична атмосфера во тимот, тоа резултираше со добри игри и одличен почеток на сезоната. Задоволен сум од моите настапи, иако знам дека секогаш може подобри. Благодарен сум на тренерот за довербата, се надевам дека ќе продолжиме победнички и во иднина“, рече Малески. 

Дербито меѓу Струга Трим Лум и Вардар започнува во 15:00 часот.