• Иван Димовски

Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби и третиот меч од циклусот во Лигата на нациите, овојпат против Шкотска дома (0-2). По натпреварот свој коментар за одиграното и она што следува даде Христијан Малески.
„Среќен сум што добив шанса. Секогаш гледам да дадам максимум за нашата репрезентација. Ова беше уште еден тврд и тежок натпревар. Треба да ги кренеме главите, да одиме во Швајцарија и да одиграме машки, да го дадеме тој гол и да почнеме да победуваме. Оваа Шкотска е моќна репрезентација. Прилично е тешко да се биде напаѓач на репрезентацијата во овој момент, бидејќи немаме постигнато гол. Сепак, се надевам дека ќе дојдат и головите“, изјави Малески.
Време за одмор нема, веќе в понеделник Македонија патува во Швајцарија каде што го игра четвртиот натпревар од овој циклус.







