• Иван Димовски
Фудбалерите на Рома без поголеми проблеми ја совладаа Пиза со убедливи 3-0 во рамките од 32. коло во Серија А. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини ја оправдаа фаворитската улога против последнопласираниот тим и на вистински начин се вратија по поразот од Интер.
- Извештај од натпреварот:
Херој на вечерта на „Олимпико“ беше Дониел Мален, кој постигна хет-трик и уште еднаш ја потврди својата одлична форма. Холандскиот напаѓач го отвори резултатот уште во 3. минута, кога ѝ избега на одбраната на гостите и прецизно реализираше за 1-0.
Вториот гол падна во 43. минута, откако Девин Ренш ја одзеде топката и му асистираше на Малeн, кој немаше тешка задача да ја погоди празната мрежа. Конечните 3-0 беа поставени во 52. минута, кога Мален ја искористи асистенцијата на Никлас Зуле и го комплетираше хет-трикот.
Со оваа победа, Рома стигна до 57 бода и се наоѓа на шестата позиција одржувајќи се во трката за место во Лигата на шампионите, додека Пиза останува на дното со 18.










