Малдини се навраќа на „истанбулскиот кошмар“: Доминиравме 110 од 120 минути... (ВИДЕО)

Истанбулската ноќ од 2005 година е вистински кошмар за навивачите на Милан, а со гордост на неа се сеќаваат фановите на Ливерпул. Милан по првиот дел имаше предност од 3-0, но на крајот Ливерпул најпрво во регуларниот дел израмни на 3-3, а потоа на пенали го освои големиот трофеј.

  • Ливерпул - Милан (2005):

Паоло Малдини беше дел од историското финале, а и по многу поминати години не може да се помири со тешкиот пораз и загубената титула.

„Загубив финале на Светско првенство, финале на Европско првенство во последните секунди и морам да кажам дека имав големи разочарувања. Трипати болно сум поразен во финалето на Лигата на шампионите, но поразот од Истанбул вечно ќе ме боли. Секогаш кога ќе го слушнам Ливерпул, се сеќавам на тоа финале. Постигнав погодок по 40 секунди, доминиравме на 110 од 120 минути и на крајот не победивме. Тоа финале секогаш ќе ме потсетува колку фудбалот е суров", изјави Малдини.

50-годишниот Малдини беше дел од тимот на Милан од 1985 до 2009 година. Со миланезите успеа да освои седум титули во Серија А, пет во Лигата на шампионите, а еднаш триумфираше и во Купот на Италија.