
Шпанскиот дефанзивец Тео Хернандез ова лето го замени Реал Мадрид со Милан: Неодамна тој беше претставен пред навивачите, а Паоло Малдини, теничкиот директор на „росонерите“, ја искористи прес-конференцијата за да зборува за Лука Модриќ.
Хрватот е голема желба на двата клуба од Милано, а легендата на италијанскиот фудбал за него има само пофални зборови.
„Никогаш не сме преговарале за Модриќ. Бараме млади фудбалери за средниот ред, а воедно и искусни кои ќе им помогнат во напредокот. Тип на играч како Лука би бил идеален за нас, но не сме испратиле понуда за него“, рече Малдини.
#Modric al #Milan
Le parole di #Maldini
La conferenza completa
https://t.co/OX7fBWhMAk#SkySport pic.twitter.com/XcMcTQ6vuJ— Sky Sport (@SkySport) July 19, 2019
Интер исто така се споменува како идна дестинација во кариерата на хрватскиот репрезентативен капитен. Засега тој останува во Мадрид и ќе продолжи да ги брани боите на „кралскиот“ клуб.