ВИДЕО: Мала минутажа за Елмас, Баерн во 91. минута го сруши Лајпциг

Екипата на Баерн Минхен го пречека РБ Лајпциг на нашиот Ељиф Елмас во 23. коло од германската Бундеслига и во последните минути од натпреварот успеа да дојде до важен триумф со 2-1 (0-0). Триумфот за Баварците го донесе неверојатниот Хари Кејн, кој беше двоен стрелец и стигна до бројката од 27 првенствени погодоци.

Првото полувреме понуди прилично возбудлива игра на двете страни. РБ Лајпциг имаше 2-3 солидни прилики пред домашниот гол, но не успеа да го отвори резултатот. На спротивната страна Лерој Сане и Хари Кејн беа имаа добри шанси, но на паузата останаа почетните 0-0. 

Стартот на вторите 45 минути донесоа игра каква што очекуваа домашните навивачи. Баерн тргна во посилен налет и тоа резултираше со погодок во 56. минута, а стрелец беше капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн. РБ Лајпциг немаше намера лесно да се откаже од шансата за евентуален бод од тешкото гостување и успеа да израмни во 70. минута преку Словенецот Бенџамин Шешко. 

  • Извештај од натпреварот: 

До крајот на натпреварот публиката просведочи уште по една шанса на обете страни, а среќата му се насмевна на домашниот тим, затоа што одличниот Хари Кејн успеа да донесе голем триумф во 91. минута и го остави баварскиот гигант „жив“ во трката за титулата, иако разликата со Баер Леверкузен изнесува осум бода. Нашиот Ељиф Елмас одново доби премала минутажа и втрча на теренот во 87. минута.