• Мартин Танасковски

Екипата на Скопје дојде до тешка победа на домашен терен над Беласица (1-0) во рамки на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а јунак беше еден од новајлиите.
Душко Трајчевски се врати во македонскиот фудбал и веднаш го покажа својот квалитет. По еден корнер, играчот за врска од средниот ред реагираше одлично и погоди во мрежата на струмичани со пета.
Очекувано, Трајчевски го прослави деби-голот бурно, го соблече дресот, а за тоа од судијата си заработи жолт картон. Ама, вредеше...









