• Мартин Танасковски
Екипата на Спарта Прага успеа да слави убедливо над Салцбург (3-0) на враќањето во Лигата на шампионите по повеќе од една деценија, а голот на мечот го имаше Албанецот Ќазим Лачи.
Лачи го постигна третиот гол на натпреварот, а беше мала мајсторија. Откако доби топка во казнениот простор околу него имаше двајца стопери и тука беше и голманот. Со „лажен шут“ тој ги исфрли тројцата од игра, па погоди во празната мрежа.
Погодокот на Лачи сигурно ќе конкурира за еден од најубавите во 1. коло на Лигата на шампионите.