Максути стрелаше, но фудбалерките со пресврт загубија од Албанија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го загуби првиот тест-дуел со Албанија (1-3), кој беше подготовка за претстојните квалификации за ЕП кои следат.

Нашиот национален тим беше засилен со Наташа Андонова и Гентијана Рочи, но, сепак, не успеа да ги изненади Албанките. Македонија поведе прва, со гол на Максути во 12. минута, меѓутоа потоа противникот направи пресврт.

Прво, за Албанија погоди Гјини во 36. минута за 1-1, а пресвртот го направи Дочи во 76. минута. Конечниот епилог го постави Бајрактари со погодок во 80. минута.

Македонија и Албанија ги чека уште еден пријателски меч, како подготовка за наредните предизвици.