ВИДЕО: Ц. Звезда во три минути го порази Партизан и владеe со Белград

Фудбалерите на Црвена Звезда успеаја со пресврт да го надиграат градскиот ривал Партизан со конечни 2-1 (0-1) и остварија уште една голема победа во големото вечно дерби на српскиот фудбал. 

  • Извештај од натпреварот:

Гостинските од „Хумска“ поведоа во 39. минута преку Алдо Калулу, кој ја искористи грешката на одбраната и ја затресе мрежата на Израелецот Глазер. Партизан водеше со 0-1 на паузата и истата предност ја задржа до 84. минута, кога се избори за пенал и израмнување. 

Андрија Максимовиќ стрелаше за 1-1, а комплетниот пресврт дојде само три минути подоцна со голот на Бруно Дуарте, кој воедно ги постави и конечните 2-1. Вреди да се истакне дека Звезда постигна уште два гола во текот на мечот, кои беа поништени поради игра со рака и прекршок во зачетокот на акцијата. 

Актуелниот шампион повторно покажа дека е неприкосновен во домашното првенство и со забрзан чекор ита кон нов трофеј во својата богата колекција.