Максимов потпиша за гигантот ЛАСК, но заминува на позајмица во Алесунд

Младинскиот репрезентативец Методи Максимов, официјално ја продолжува својата кариера како играч на австрискиот ЛАСК од Линц. Се работи за еден од најголемите клубови од тамошшната Бундеслига, а нашиот Максимов потпиша договор со важност до 2028 година. 

Ова е крупен и значаен чекор за неговиот развој, кој најпрво ќе продолжи со едногодишна позајмица во норвешкиот клуб, Алесунд. Второлигашот се договори со ЛАСК за соработка до јануари следната година, по што Максимов ќе се врати во Австрија. 

21-годишниот фудбалер веќе се приклучи на поготовките на Аалесундс, а новата сезона во Норвешка официјално ќе започне на 1 април годинава. Методи Максимов ја започна кариерата во скопскиот Работнички, а во ЛАСК заминува од редовите на Шкендија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.