Макси Лопез се врати во Италија, ќе игра за второлигашот Кротоне

По кратката епизода во Бразил, каде го носеше дресот на Васко де Гама, аргентинскиот напаѓач Макси Лопез пак ќе настапува во Италија. Макси го одбра шестиот свој клуб на „чизмата“ и по настапите за Милан, Сампдорија, Киево, Торино и Удинезе, ќе игра за Кротоне. 

Лопез потпиша едногодишен договор со второлигашот и ќе се обиде да го врати Кротоне во Серија А.

Макси пред четири години се разведе од Ванда Нара, а аргентинската стартлета подоа влезе во врска и подоцна во брак со Мауро Икарди.

Односот на Макси Лопез и неговата поранешна сопруга не е идиличен и Аргентинецот често напоменуваше дека има проблеми да ги гледа децата од првиот брак.