• Зоран Мишевски
Репрезентацијата на Саудиска Арабија ремизираше со Уругвај во Мајами во натпреварот од првото коло од групата Х на Светското првенство (1-1). Малку недостигнаше да видиме големо изненадување, во истата груп, во која Зеленортските острови ремизираа со Шпанија. Момците на Јоргос Донис во финишот ја испуштија минималната предност, која ја стекнаa на крајот од првото полувреме.
- Извештај од натпреварот:
Уругвај прв се закани преку Араухо, чиј удар од околу дваесет метри го одби Ал Уаис. Потоа следеше период на теренска иницијатива од страна на селекцијата на Биелса, а Саудијците се фокусираа на одбрана на својот гол. Во. 30. минута Макси Араухо со глава ја врати топката до Виња, но ударот на напаѓачот на Овиедо го одбрани голманот на „зелените соколи“. На другата страна, Саудиска Арабија возврати, но рефлексната одбрана на Муслера го спаси двојниот светски првак. Сепак, во следниот напад, по корнер од десната страна и удар со глава од Кано, топката отскокна пред Муслера до централниот дефанзивец на Ал-Наср, Абдулелах Ал Амри, кој постигна гол за голема радост на Саудиска Арабија (1-1).
Многу работи не функционираа во тимот на Биелса, па аргентинскиот стручњак направи две замени и Уругвај изгледаше малку подобро со влегувањето на Санабрија и Каноби. Веќе во првиот напад во вториот дел, Виња имаше одлична можност со удар со глава кога Ал Уаис мораше да интервенира, 27-годишниот фудбалер се обиде по корнер, а набрзо Угарте ја погоди стативата од околу 25 метри. Уругвај фрли сè напад, бидејќи немаше време за чекање, Одбраната на Саудиска Арабија конечно капитулираше во 80. минута. По центаршут од левата страна, Виња шутираше директно кон противничкиот голман, а Макси Араухо натрча на топката и му донесе израмнување на својот тим (1-1).
По првото коло во оваа израмнета група сите четири селекции имаат ист број на бодови.





