ВИДЕО: Македонското дерби за Удинезе, Џенова тоне на табелата во Серија А

Удинезе

Удинезе минимално победи во дуелот со Џенова (1-0) во рамки од 8. коло во Серија А. Македонското дерби заврши во полза на Илија Несторовски, кој не доби шанса и остана на клупата за резерви. За разлика од него Горан Пандев одигра 69 минути за гостите, пред да биде заменет со Шомуродов.

  • Извештај од натпреварот: 

Се играше првото полувреме кога домаќинот поведе преку Де Пол. Тој шпутираше прецизно од работ на шеснаесетникот и донесе радост за „црно-белите“.

Вистинска драма донесе надополнувањето од мечот. Се чинеше дека гостинската екипа ќе се спаси од пораз, по голот за израмнување на Скамака. Меѓутоа залудно беше славјето на играчите на Џенова, бидејќи ВАР-собата сигнализираше офсајд.

Во тензичниот финиш црвен картон заработи Џјампаоло Калваресе што беше крај на еден возбудлив меч на „Дачиа Арена“.