• Мартин Танасковски
Македонските репрезентативци Никола Серафимов и Тодор Тодороски имаа дуел еден против друг во Унгарија. МОЛ Фехервар го пречека ЗТЕ, а натпреварот заврши со резултат 3-3 и го одбележа неверојатен финиш.
Првиот дел понуди еден гол, падна во 34. минута кога погоди Карамоко, а потоа ЗТЕ израмни преку Кроисет на стартот на вториот дел. Домаќините преку Калмар дојдоа до 2-1, па гостите израмнија на 2-2, за потоа од пенал Спољариќ да донесе 2-3.
Се играше 94. минута кога ЗТЕ даде гол за 2-4 преку Убочиома, ама ВАР го поништи, па пред самиот крај Фехервар преку Шабо израмни на 3-3 и донесе голема радост за домашните.
Никола Серафимов одигра цел натпревар и го заврши со оценка 6,5, додека Тодороски влезе од клупата во 70. минута и во последните 20 минути доби жолт картон пред самиот финиш. Неговата оценка беше 6,3.
Двајцата фудбалери по крајот на натпреварот направија и фотографија за спомен. Серафимов и Тодороски во сениорскиот фудбал се афирмираа преку Вардар.