Македонско добредојде за Стефан Спировски во Будимпешта

Екипата на МТК Будимпешта доби уште еден македонски фудбалер во своите редови и потпиша договор со Стефан Спировски.

Македонскиот репрезентативец кој настапува на позицијата играч за врска беше слободен по разделбата со украински Мариупол, па се враќа во земја во која играше претходно и добро ја познава. Спировски и МТК постигнаа дведишен договор.

Македонецот во кариерата играше и за АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Вардар, Берое, Работнички, Борац Чачак и Пелистер. Во тимот на МТК игра уште еден македонски репрезентативец, тоа е Бојан Миовски, исто така член на колективот е и колумбискиот дефанзивец со македонски пасош Себастијан Херера.

Токму Миовски му посака добредојде на Спировски во новата авантура во кариерата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк