Македонските судии со европски анганжмани: Ставрев ќе патува за Утрехт, Мечкаровски во Романија

македонски арбитри

Двајцата најдобри фудбалски судии од Македонија, Александар Ставрев и Димитар Мечкаровски добија анганжмани за третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Ставрев ќе патува за Холандија, каде ќе ја дели правдата на мечот помеѓу домаќинот Утрехт и Лех Позњан од Полска, кој во првото коло го елиминира битолски Пелистер. Помошници ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврт судија ќе биде Дејан Јакимовски.

Вториот наш арбитар, Мечкаровски ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу романска Астра и Олександрија од Украина. Него ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески, а Константин Влахо ќе биде четврт судија.