• Мартин Танасковски
Македонските фудбалери кои беа дел ова коло од Конференциската лига, Дарко Чурлинов, Дамјан Шишковски и Алекса Амановиќ останаа без бодови во натпреварувањето на УЕФА по комплетирањето на рундата.
Дарко Чурлинов одигра цел натпревар за полска Јагјелонија која загуби на гостувањето кај Млада Болеслав во Чешка (0-1). Единствен стрелец на натпреварот беше напаѓачот Патрик Видра во 76. минута од натпреварот.
- Шармок Роверс - Борац Бања Лука 3-0:
Дамјан Шишковски остана на клупата за резерви во тимот на Борац Бања Лука, кој во деби европската сезона загуби во дуелот со Шамрок Роверс од Ирска (3-0). Кени беше двоен стрелец, а еднаш погоди Фаруџија.
- Гент - ТСЦ Бачка Топола 3-0:
На останатите натпревари, Гент на домашен терен беше убедлив со ТСЦ (3-0), Омонија освои три бода со австриски Рапид (3-1), кипарски Пафос го победи словенечки Целје (2-0), а очекувани резултати забележаа и Виторија Гимараеш со Сент Гален (4-1), односно Панатинаикос со велшки ТНС (2-0).
Претходно, Алекса Амановиќ и неговата Астана беа немоќни со Челзи.