ВИДЕО: Македонските навивачи можат многу да научат од фановите на второлигашот Динамо Дрезден

Динамо Дрезден

Празни трибини без најверните навивачи се честа појава на стадионите во ПМФЛ, кои ја даваат суровата и вистинита слика на нивото на македонскиот клупски фудбал.

Дури и најголемите клубови како Вардар, Шкендија и Пелистер често знаат да одиграат меч пред 200-300 навивачи, што мора да се признае е голем пораз за нашиот фудбал. Љубовта кон клубот не треба да се покажува само кога гостува некој атрактивен противник, туку на секој натпревар, без застанување во текот на сите 90 минути.

Низ светот можат да се најдат голем број на примери од кои можеме многу да научиме, а еден од нив е вторoлигашот од Германија, Динамо Дрезден.

И покрај тоа што нивниот тим ги нема најсилните фудбалери и имиња и се наоѓа во опасната зона за испаѓање, љубителите на фудбалот се собираат и го полнат цел стадион за да му дадат максимална поддршка на своите миленици.